октомври 20, 2022

ОПШТА ДИСЕМИНАЦИЈА ЗА НОВИ ВОЛОНТЕРИ

Во текот на месец септември, со почетокот на новата учебна година, новото координативно тело на клубот на млади при Црвен крст Охрид изврши регрутација на нови волонтери во средните училишта во градот.
 Поради големиот интерес од страна на младите за волонтирање по регрутацијата и последните активности на клубот, особено оние од Неделата на млади, направивме кратка дисеминација сесија за подетално запознавање со нашето движење.
– 40 информирани волонтери
– Запознавање со поимот волонтер и можностите на волонтерите
Запознавање со движењето на Црвен крст и клубот на млади
– Запознавање со историјата на Црвениот крст
– Дисеминациската сесија беше одржана од страна на долгогодишниот волонтер Радмила Герасимова.
Се надеваме дека и во иднина интересот за волонтирање помеѓу младите ќе биде причина за многу нови активности на клубот на млади.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад