март 18, 2023

Опремување и уредување на нова лабораторија за истражување на растителни и животински видови во Јавната установа Национален парк Галичица

Тимот на Јавната установа Национален парк Галичица, со поддршка од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во изминатиот период работеше на уредување и опремување на нова лабораторија. Со оваа лабораторија се подобруваат можностите за испитување на растителни и животински видови во заштитеното подрачје и влијанието на климатските промени врз нив, а воедно се зајакнуваат и управувачките капацитети на Националниот парк Галичица.
 
Новата лабораторија е подготвена во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а спроведуван од страна Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, со поддршка од Национален парк Галичица.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад