февруари 6, 2023

Oнлајн работилница “Научи вештини за да го водиш својот живот” со Dr. Raphael Lindsay

Нашата посветеност на младите во Црвен крст Охрид насочена кон нивните потреби, преку пристапот врсник на врсник и разни облици на неформално едуцирање со цел промоција и унапредување на здравјето, ублажување на социјалните проблеми преку хуманитарни акции, дејствување при итни состојби од хуманитарен аспект, зачувување на достоинствата и различностите, обучување на младата популација за заштита и самозаштита, стекнување со вештини од областа на првата помош, промовирање на принципите на движењето, повикување на култура на дијалог за взаемно разбирање, толеранција и хуман однос без дискриминација, ја продолжуваме и надоградуваме со организирање на онлајн работилница “Научи вештини за да го водиш својот живот“.
 
Фасилитаторот на работилницата Dr. Raphael Lindsay од Торонто, Канада, ќе изнесе многу корисни совети и стратегии кои ќе помогнат младите:
 
– да се охрабрат и оспособат едни со други преку различни активности за грижа за себе и јакнење на самодовербата,
 
да се мотивираат и поттикнат младите да останат ангажирани за помош во заедницата и позитивен живот.
 
Сите вие, од 16 до 20 годишна возраст, ентузијастични, амбициозни и посветени млади кои своите капацитети, знаења, спобоности и слободно време ги инвестираат во насока на исполнување на мисијата на Црвениот крст и да помогнат на оној на кој тоа му е најпотребно, искористете ја оваа можност за надоградба на своите животни вештини и навики.
 
Работилницата се реализира со поддршка на Canadians For Children At Health Risk
 
Ве очекуваме во Црвен крст Охрид на 8.2.2023 (среда) во 20 ч.
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад