ноември 24, 2022

Охридски планински јубилеи

Драги пријатели, оваа година се поклопуваат неколку значајни охридски планински јубилеи и тоа:
 
– 60 години од формирањето на првиот организиран планинарски клуб во далечната 1962 година.
 
– 40 години од македонската алпинистичката експедиција на врвот Хуаскаран 6768мнв, на Андите, во чии подготовки и реализација учествуваа и охридски алпинисти, со што се ставени и темелите на охридскиот алпинизам пред повеќе од 40 години, и
 
– 20 години од формирањето на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, која на иницијатива од охридските алпинисти, започна да се развива во 2002 година, со силна поддршка од Црвен крст Охрид и денес претставува единствена спасителна служба во државата, која е оперативна 24 часа, 7 дена во недлата.
 
По тој повод, со огромно задоволство, Ве покануваме на три дневно дружење, со охридските учесници на експедицијата Хуаскаран 1982, членовите на АК ПАТАГОНИЈА и Ohrid red cross – Mountain Rescue Service, Културолошка иницијатива 5 до 12 – Охрид како и со екипата на ЕХО Фестивал на планински филм која за оваа прилика има подготвено одлична програма од овогодинешното издание на фестивалот.
 
Ве очекуваме.
< врати се назад