септември 2, 2024

Ohrid Water Festival 2024

На 18 настани на вода и 5 настани на копно кои се реализираа во рамки на Охридскиот Фестивал на Вода 2024, во период од 22-31.08.2024 година, 26 ангажирани лица на Црвен крст Охрид организирани во медицински екипи и тимови на спасители на вода се грижеа за безбедноста на учесниците и посетителите на настанот.

Регистрирани се вкупно 43 успешни интервенции за укажување прва помош.

Своја задача во поставување на соодветна опрема и доставување на потребни материјали имаа и тимовите за логистика на Црвен крст Охрид.

Настани на вода:

Едриличарска регата

Пливачки митинг

Кајак-Кану регата

Веслачка регата-Ремо

Ватерполо турнир

Трка педалинки RedBull

Акватлон

Табланет под вода

Едрење

Јане Петков-„човекот амфибија“

Водени лудории

Регата со традиционални охридски кајчиња

Суп даски-трка за деца

Балканско јуниорско првенство на отворени води

Едрење Match race

Промоција на рекреативно нуркање за деца

СУП јога

Охридски пливачки маратон

Музички настани:

Концерт – Емилија Колоска и Балтер

Концерт – dj Chvare & dj Goce Saf

Концерт – Златно славејче и Методи Патче

Концерт – Наум Петрески, група Сарај и Милован Секулоски

Концерт – Суперхикс

Беше голем предизвик и задоволство да бидеме дел од тимот на високо професионални и креативни луѓе, за заедно да се придонесе за уште едно успешно, квалитетно и безбедно издание на Ohrid Water Festival.

Радува и мотивира фактот за високиот потенцијал што го има Ohrid Water Festival

во иднина, благодарение на луѓето искрено посветени на организација и реализација на Охридскиот Фестивал на Вода.

< врати се назад