септември 3, 2025
Ohrid Water Festival
Во периодот од 16 до 30 август, тимови на Црвен крст Охрид се грижеа за безбедноста на сите учесници и посетители на Ohrid Water Festival!
Повеќе од 30 доктори, медицински сестри, парамедици и спасители на вода, заедно со обучени лица за пружање прва помош, беа постојано присутни и распоредени на повеќе од 30 настани низ целиот фестивал.
Нашите екипи со 2 амбулантни возила за интервенција на копно заедно со 3 брзи чамци со спасители на вода се погрижија секој учесник да стигне безбедно до целта!
Благодарение на посветеноста и тимската работа на нашите волонтери и стручни лица, сите учесници можеа да уживаат во фестивалот безгрижно и безбедно.


















