
јуни 22, 2026
Ohrid Ultra-Trail
И оваа година тимовите на Црвен крст Охрид беа дел од Ohrid Ultra-Trail, кој се реализираше на 23 и 24 мај 2026 година, грижејќи се за здравствената безбедност на учесниците на четирите трки.
Медицинските тимови, составени од лекари, парамедици, како и спасителите од Планинската спасителна служба, распоредени долж патеките на Галичица и во Охрид, успешно реализираа повеќе интервенции за укажување прва помош и спасување, покажувајќи висока професионалност, подготвеност и посветеност.
На целта, волонтерите од Клубот на млади ги пречекуваа натпреварувачите и ги упатуваа кон пунктот за освежување.










