мај 28, 2023
Ohrid Ultra-Trail 2023
И овогодинешното издание на Ohrid Ultra-Trail беше голем предизвик за тимовите на Црвен крст Охрид ангажирани да се грижат за здравствената безбедност на учесниците на четирите трки од овој настан. Четири медицински тимови составени од лекари, парамедици и масери и два тимови на спасители од Планинската спасителна служба на Црвен крст Охрид распоредени долж целата патека на планината Галичица и во Охрид, евидентираа 18 успешни интервенции на укажување прва помош и спасување со што покажаа висока професионалност и подготвеност да се справуваат со предизвиците на вакви и слични настани.
Тимовите на волонтерите од клубот на млади ги дочекуваа на целта натпреварувачите упатувајќи ги на пунктот за освежување и пунктот на Црвен крст Охрид за масажа.
Нашите тимови остануваат подготвени за ангажман и на големиот спортски настан Охрид трчат кој наредниот викенд се одржува во Охрид.