Ohrid Ultra Тrail – 2021
Преку четиристотини учесници од 20 земји ги одмеруваа своите вештини и издржливост во планинско трчање на на четири патеки и тоа Охрид Ултра Треил од 100 км., Галичица Ултра Траил од 60 км., Самотска Треил од 40 км. и Летница Треил од 22 км. на овогодинешниот Охридултра-треил маратон кој од 17-19 септември се одржа во Охрид и прекрасниот Национален Парк Галичица. Сето тоа беше предизвик за Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид со своите тимови на спасители од Планинската Спасителна Служба, медицинските тимови составени од парамедици и лекари и бројни волонтери, 24 часа во континуитет да се грижат за безбедноста на учесниците на Охридултра-треил и посетителите на настанот со што придонесоа за успешна и безбедна реализација на истиот. Нашите тимови беа распоредени на 12 пунктови во НП Галичица и Охрид, интервенираа 11 пати за укажување прва помош и успешно ги пречекаа сите учесници на целта.