ОХРИД ТРЧАТ 2021
Во текот на изминатиот викенд по петти пат се одржуваше Атлетската манифестација Охрид трчаТ, а волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид водеа грижа за безбедноста и здравјето на натпреварувачите.
И оваа година настанот помина во одлично расположение, забава и многу насмевки, а за беспрекорно да се одвива целиот тек на трката се погрижија многубројните волонтери на кои неизмерно им се заблагодаруваме
Црвен Крст Охрид се погрижи за безбедност и насочување на тркачите низ целата патека со:
50 волонтери
6 доктори и 2 сестри
2 возачи
Грижа за превентивни мерки на expo ден
Тим за прва помош
Парамедици
Редари
Логистичка поддршка
Освежителен пункт
Честитки и до организацијата на Охрид ТрчаТ за уште еден прекрасно организиран настан