јуни 22, 2026

Охрид ТрчаТ

Во период од 5-7 јуни, се одржа јубилејното 10-то издание на еден од најзначајните спортски настани во нашиот град – Охрид ТрчаТ!

Како и секогаш, за безбедноста и здравјето на учесниците се погрижија волонтерите на Црвен крст Охрид.

Со тимови за прва помош, Црвен крст Охрид беше дел од сите активности во рамки на настанот:

13 мај – Детска трка

5 јуни – Ноќна трка

6 јуни – Imlek Protein Warm Up

7 јуни – Главна трка

Настанот помина во одлична атмосфера, исполнета со енергија, насмевки и спортски дух. Нашите волонтери беа присутни како логистичка поддршка долж патеката, членови на тимовите за прва помош и обучени волонтери на велосипеди за прва помош.

Голема благодарност до сите волонтери кои несебично го вложија своето време и труд – насочуваа тркачи, делеа медали и пружаа помош секогаш кога беше потребно.

Честитки до организаторите на Охрид ТрчаТ за успешно реализираното јубилејно издание, како и до сите учесници кои беа дел од оваа прекрасна спортска приказна.

< врати се назад