јуни 4, 2025

Охрид ТрчаТ

Во текот на изминатиот викенд, по деветти пат се одржа еден од најзначајните спортски настани во нашиот град – Охрид ТрчаТ!

❤️Како и секогаш, за безбедноста и здравјето на натпреварувачите се погрижија волонтерите од Црвен крст Охрид.

🚑 Со тимови за укажување прва помош, Црвен крст Охрид ја обезбедуваше оваа спортска манифестација на:

👉 9 мај – Детска трка

👉 30 мај – Ноќна трка

👉 31 мај – Имлек Протеин Warm Up

👉 1 јуни – Главна трка

⛑️ Настанот помина во одлична атмосфера, исполнет со енергија, насмевки и дружење. За беспрекорната организација заслужни се и нашите 30+ волонтери кои беа логистичка поддршка долж патеката, 27 членови на тимовите за прва помош на 9 локации, како и 3 парамедици на велосипеди за прва помош.

🙏 Огромна благодарност до сите волонтери кои несебично го вложија своето време и труд – насочуваа тркачи, делeа медали, пружаа прва помош онаму каде што беше потребно.

🎉 Честитки до организаторите на Охрид ТрчаТ за уште еден прекрасно реализиран настан, како и до сите учесници! Се гледаме догодина!

< врати се назад