
ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНО-ИЗБОРНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА ЦРВЕН КРСТ НА РСМ-ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ОХРИД
На 12.05.2026 година, во просториите на Црвен крст Охрид, се одржа Конститутивно-изборна седница на Собранието на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Охрид за мандатен период 2026-2030 година.
На седницата беа верификувани мандатите на 21 делегат во Собранието, кои активно учествуваа во работата и одлучувањето согласно статутарните одредби на организацијата.
Во рамки на седницата беа спроведени избори за органите на управување на организацијата, при што за претседател на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Охрид беше избрана Весна Терзиоска.
Исто така, беа избрани потпретседател на организацијата, членови на Раководниот одбор, како и претседател, потпретседател и членови на Финансиската комисија и делегати за во Собранието на ЦКРСМ.
Со успешно реализирање на седницата, Црвен крст Охрид продолжува со своето делување и реализација на хуманитарните активности во служба на заедницата.
Хуманоста останува наша заедничка вредност и водилка.





























