мај 7, 2023

Одржан 49-тиот Општински натпревар по прва помош

Плоштадот Св. Климент Охридски во Охрид уште еднаш пулсираше во духот на младоста и хуманоста, во боите на Црвениот крст.
На 49-от Општински натпревар по прва помош, кој во организација на Црвен крст Охрид вчера се одржа во Охрид учениците од сите основните и средните училишта од Охрид и Дебарца организирани во 10 екипи подмладок и 4 младина се натпреваруваа во укажување прва помош. Преку 100 млади на 6 пунктови низ градот ги презентираа стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош. Најуспешни, во категоријата подмладок беше екипата на ООУ Св.Климент Охридски, второто место го освои екипата на ОУ Дебрца-Требеништа, а трета беше екипата на ООУ Христо Узунов. Во категоријата младина првото место и правото на учество на Државниот натпревар по прва помош, го освои екипата на СОСУ Кирил и Методиј-медицинска паралелка, второто место го освои екипата на ОЕМУЦ Св. Наум Охридски – Охрид, а трета беше екипата на ДУТУ Ванчо Питошески – Охрид.
За регуларноста на натпреварот и оценувањето на екипите се грижеа 17 судии (лекари, медицински сестри, парамедици на Црвен крст Охрид), а за реалниот приказ на сценаријата и „повредите“ на пунктовите се погрижи тимот за реалистички приказ на повредите, составен од 5 шминкери и 14 актери. 13 водичи, волонтери на Црвен крст Охрид ги водеа екипите по предвидените траектории и пунктови за укажување прва помош.
Во овој циклус на подготвка на учениците, со активно учество на менторите од секое училиште и волонтерите-тренери и инструктори по прва помош на Црвен крст Охрид, со најновите знаења, техники и вештини за укажување на прва помош се здобија преку 200 млади.
Во едукативниот и забавниот дел од натпреварот младите ги покажаа своите знаења за хуманитарното движење на Црвениот крст.
Црвен крст Охрид изразува голема благодарност до сите волонтери, ментори, инструктори, тренери, судии, до основните и средните училишта и до сите кои ја помогнаа реализацијата на 49-от Општински натпревар по прва помош.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 4 people
May be an image of 8 people
May be an image of 8 people and grass
May be an image of 9 people and frisbee
May be an image of 4 people and grass
May be an image of 4 people, people playing basketball, people playing volleyball and grass
May be an image of 3 people and grass
May be an image of 3 people, people studying, tree and text
May be an image of 3 people and segway
May be an image of 4 people, scooter, segway, bicycle and grass
May be an image of 6 people, people studying and tree
May be an image of 2 people and grass
May be an image of 9 people and grass
May be an image of 1 person
May be an image of 2 people and grass
May be an image of 9 people, tree and grass
May be an image of 6 people, ambulance and text
May be an image of 5 people, Stari Most and text
May be an image of 10 people and ambulance
May be an image of 4 people and people practising yoga
May be an image of 11 people and grass
May be an image of 8 people, street and text
May be an image of 5 people
May be an image of 4 people and text
May be an image of 6 people and text
May be an image of 5 people and text
May be an image of 5 people, crowd and text
May be an image of 7 people, crowd, hospital and text
May be an image of 10 people and text
May be an image of 13 people
May be an image of 9 people
May be an image of 14 people and text
May be an image of 13 people and crowd
May be an image of 12 people and crowd
May be an image of 11 people, the Brandenburg Gate and text
May be an image of 11 people and text
May be an image of 11 people and text
May be an image of 8 people and the Brandenburg Gate
May be an image of 11 people and text
May be an image of 9 people, the Brandenburg Gate and text
May be an image of 11 people
May be an image of 10 people and text
May be an image of 5 people and clarinet
May be an image of table and text
May be an image of 9 people, hospital and text
May be an image of 2 people, crowd and text that says "KPC RED"
< врати се назад