февруари 24, 2024

ОДЈАВИ СЕ, ПОЈАВИ СЕ

На последниот редовен состанок на Клубот на млади претходниот лидер и долгогодишната волонтерка Анастасија Стојаноска одржа работилница за влијанието на социјалните мрежи под името “Одјави се, појави се” .
Околу 20 млади имаа можност да дискутираат за важноста на социјалните мрежи во секојдневниот живот, нивните предности и маани, како и за начини како да го намалат нивното негативно влијание .
И се заблагодаруваме за нејзината посветеност и амбициозност, како и за спремањето и реализирањето на прекрасната работилница.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад