септември 11, 2018

Одбележување на Светски ден на Прва помош

По повод одбележување на Светскиот ден за Првата помош каде главна тема оваа година беше “Несреќи на патиштата”  на 08.09.2018г според претходно дадените насоки  Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид направи јавна презентација на демонстрирање на техники за укажување прва помош при повреди во сообраќајни незгоди.Настанот се одржа на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ каде во периодот од 10-12 ч каде тимовите на парамедици од Општинска организација Охрид по претходно подготвени сценарија делуваа во симулирани несреќи кои најчесто се случуваат на патиштата.

< врати се назад