февруари 28, 2023

Oдбележување на Неделата на срцево-садови заболувања

Во рамките на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид организираше низа активности насочени кон превенција на срцевосадовите заболувања.
 
На ден 27.02.2023 година, во просториите на Црвен крст Охрид се организираше едукативно предавање од страна на лекар специјалист интернист, д-р Соња Стурлакова Димовска за корисниците и волонтерите од Програмата – Грижа за стари лица “Најди време” и пензионерите од Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца. 
 
На присутните им беше измерен крвен притисок како и шеќер во крвта од страна на волонтери обучени за укажување на прва помош. Присутните имаа можност да добијат совети за одржување на нормални вредности на притисокот како и совети во однос на измерената количина на шеќер во крвта.
 
По одржаното предавање се организираше заедничка прошетка на волонтерите од Клуб на млади и Програмата за грижа на стари лица од Црвен крст Охрид на охридското крајбрежје.
 
На овој начин, се одбележа Неделата на срцевосадови заболувања и се истакна значењето на превенцијата, водењето здрав живот и намалувањето на смртноста од кардиоваскуларните заболувања.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад