октомври 16, 2025

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

И менталното здравје е важно!

По повод Светскиот ден на менталното здравје, што се одбележува секоја година на 10 октомври, на 06.10.2025, во просториите на Црвен крст Охрид се одржа работилница посветена на менталното здравје и психо-социјалната поддршка.

Учество во работилницата зедоа волонтери на Црвен крст Охрид кои учествуваат во спроведувањето на програмата за грижа за стари лица „Најди време“. Работилницата беше поделена на два дела:

Во првиот дел се зборуваше за значењето на менталното здравје и за најчестите нарушувања на менталното здравје кај постарата популација.

Во вториот дел се зборуваше за значењето на давањето психо-социјална поддршка во кризни/итни ситуации и за принципите на пружање психо-социјална поддршка.

Работилницата ја одржаа Ранко Раткушиноски и Катерина Наумоска.

< врати се назад