
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЈУБИЛЕЈ 140 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО И ДЕЛУВАЊЕТО НА ЦРВЕН КРСТ СУБОТИЦА
На покана на Црвен крст Суботица, во периодот од 28 до 31 мај 2026 г., претставници на Црвен крст Охрид присуствуваа на одбележувањето на Јубилејот 140 години од формирањето и делувањето на Црвен крст Суботица. На пригодна свеченост на организациите кои веке 11 години ја спроведуваат програмата СИЛНА АЛКА, Црвен крст Охрид, Црвен крст Крагуевац, Црвен крст Ужице, Црвен крст Бар им беше доделена Златна плакета за придонес во институционално јакнење и развој на организациите на Црвен крст.
Во рамки на одбележувањето на јубилејот, во прекрасен амбиент и природа на езерото Палич беше одржан Покраинскиот натпревар по прва помош со учество на преку 50 екипи во категорија младина, подмладок и петленца (деца на возраст од 7 до 10 години).
Прекрасните домаќини уште еднаш го покажаа своето топло гостопримство.
Караванот на СИЛНА АЛКА од Суботица се сeли во Охрид, со учество на Меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид по единаесетти пат ќе се одржи во Охрид, од 10 до 14 јуни 2026 г.










