
мај 8, 2024
Одбележување на 8ми мај – Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина и Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина (8-15мај)
На 8 мај 1828 година е роден Анри Динан, основоположникот на Движењето на Црвениот крст. На овој ден ширум светот националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина преку пригодни активности делуваат на подигање на свеста за значењето на нашите основни принципи и вредности и не’ потсетуваат на потребата од намалување на човековите страдања, зачувување на човековото доистоинство, заштита на животот на луѓето, како и надминување на последиците од вонредни состојби и природни катастрофи.
Во рамки на одбележувањето на 8ми мај – Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина и Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина (8-15мај) кој се одбележува под мотото “Да живее хуманоста”, во Црвен крст Охрид се предвидени неколку активности:
на 09.05.2024 делегација на Црвен крст Охрид во 10 часот ќе положи свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид (пред седиштето на Црвен крст Охрид)
На 13.05.2024 ќе се одржи дисеминациска сесија со дечињата од едукативната програма ПОЛЕТАРЧЕ
Предвидена е крводарителска акција која ќе се одржи на 21.05.2024 година од 10-14 часот во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид наменета за студенти и за сите граѓани

