март 15, 2024

Одбележување на 17 Март – Ден на крводарителството и Ден на формирањето на Црвен крст

По повод 17 Март, Денот на крводарителството и Денот на формирањето на Црвениот крст на РСМ, во просториите на Црвен крст Охрид, денес, се одржа пригодна свеченост, на која беа доделени јубилејни признанија на најзаслужните крводарители за 5, 10, 25, 50, 75 и 100 дарувања од Општина Охрид и Дебрца. Исто така, признанија им беа доделени и на поединци, фирми и институции кои придонеле за развој и унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца.
Плакета за 100 крводарувања доби охриѓанецот Борис Стојаноски кој им порача на младите активно да се вклучат во хуманото семејство на крводарители, посочувајќи дека чинот на дарување крв е голем и хуман и дека со дарување на скапоцената течност помагаме во спасување на човечки животи.
Плакети за 75 крводарувања им се доделија на Милчо Бујароски, Владимир Каневчев, Тони Јованоски, Спире Топалоски, Мате Матески, а плакети за 50 крводарувања на Ристо Јованоски, Петар Кочоски, Тони Симоноски, Оливер Маркоски, Борис Арнаудов, Зоран Достиноски, Јорданчо Ивановски.
Признанијата – Плакети нa Црвен крст Охрид за развој, унапредување и омасовување на крводарителството им се доделија на следните институции и граѓани: ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски” Охрид, МПЦ ОА – Дебарско-кичевска епархија, Костал Македонија, Ирена Ралева Најдевска, Жанко Голабоски.
Претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков, истакна дека крводарителството во Македонија е во подем и дека 2023 година може да се оцени како успешна година за крводарителството во Охрид. Според него, радува фактот што бројот на првократни дарители се зголемил за околу 30%. Тој ѝ се заблагодари на сè поголемата армија на хумани луѓе кои несебично продолжуваат да спасуваат животи дарувајќи крв.
Црвен крст Охрид континуирано и посветено работи на промовирање и на унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца.
Како резултат на посветеноста на активистите на Црвен крст Охрид и на службите за трансфузиона медицина и благодарение на крводарителите и на сите поединци, фирми, институции кои на било кој начин придонесле кон развој и унапредување на крводарителството, во изминатата 2023 година се реализираа 18 крводарителски акции на коишто се даруваа 1507 крвни единици и, така, се задоволија потребите за крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи.
Црвен крст Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебарца. 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Можно е да е слика од 8 луѓеМожно е да е слика од 2 луѓе и текстМожно е да е слика од 2 луѓе и текстМожно е да е слика од 2 луѓе и текстМожно е да е слика од 3 луѓе и текстМожно е да е слика од 2 луѓе и текстМожно е да е слика од 2 луѓе и текстМожно е да е слика од 1 лице и текстМожно е да е слика од 2 луѓе и текстМожно е да е слика од 4 луѓе и текстМожно е да е слика од 4 луѓе и текстМожно е да е слика од 3 луѓе и текстМожно е да е слика од 3 луѓе и текстМожно е да е слика од 2 луѓе, болница и текстМожно е да е слика од 2 луѓе и текстМожно е да е слика од 4 луѓе, луѓе студираат и кларинет
 
Можно е да е слика од 3 луѓе и текстМожно е да е слика од 1 лице, болница и текстМожно е да е слика од 2 луѓе, телевизија и текстМожно е да е слика од 1 лице, болница и текстМожно е да е слика од 3 луѓе, луѓе студираат и текстМожно е да е слика од 2 луѓе и текстМожно е да е слика од 2 луѓе, костум и текстМожно е да е слика од 2 луѓе, болница и текстМожно е да е слика од 1 лице и текстМожно е да е слика од 2 луѓе, болница и текст
Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе студираат и текстМожно е да е слика од 2 луѓе, болница и текстМожно е да е слика од 3 луѓе, болница и текстМожно е да е слика од 2 луѓе, болница и текстМожно е да е слика од 2 луѓе, болница и текстМожно е да е слика од 2 луѓе, костум и на затворено
Можно е да е слика од 3 луѓе и текстМожно е да е слика од 2 луѓе, очила и леќи, костум, на затворено и текстМожно е да е слика од 2 луѓе и текстМожно е да е слика од 4 луѓе и текстМожно е да е слика од 2 луѓе, дете, насмеани луѓе, детска играчка и текстМожно е да е слика од 4 луѓе и текстМожно е да е слика од 2 луѓе и текст
< врати се назад