
ОБУКА ЗА ВРСНИЧКИ ЕДУКАТОРИ (ДЕН 1)
Успешно завршен првиот ден од обуката за врснички едукатори!
Клубот на млади при Црвен крст Охрид, во периодот од 18 до 19 и 23 октомври, организира обука за врснички едукатори во просториите на организацијата.
Во текот на првиот ден, учесниците имаа можност да се запознаат и да изградат тимски дух преку интерактивни активности, игри и дискусии. Темите кои се обработуваа беа:
- Поимот и улогата на врсничкиот едукатор;
- Вештини и карактеристики на успешен едукатор;
- Вовед во комуникациски и презентациски вештини;
- Вовед во фасилитаторски и кофасилитаторски вештини;
Преку активна работа во групи и практични вежби, младите учесници стекнаа нови сознанија за тоа како да бидат пример и поддршка на своите врсници, како и како да пренесуваат знаење на интересен и мотивирачки начин.
Обуката ја реализираше Борче Исакоски, долгогодишен волонтер и обучувач на врснички едукатори при Црвен крст Охрид.
Целта на оваа обука е да се поттикне активното учество на младите, да се развијат нивните меки вештини и да се создаде нова генерација на врснички едукатори кои ќе делуваат во заедницата и ќе бидат позитивен пример за своите врсници.









