
јуни 30, 2025
Обука за спасители на отворени води
Црвен крст Охрид Центар за Безбедност на Вода успешно ја реализираше обуката за спасители на отворени води, на која учествуваа и се сертифицираа 10 нови спасители.
Програмата опфати теоретски и практични модули од областа на:
Спасување и извлекување на активни и пасивни давеници од отворени води
Употреба на специјализирана и прирачна спасувачка опрема
Превентивни мерки за зголемување на безбедноста во и покрај вода
Укажување основна и напредна прва помош во итни ситуации
Со успешно завршување на обуката, новите спасители се подготвени да дејствуваат ефикасно и одговорно, придонесувајќи за зачувување на животот и зголемување на безбедноста на капалиштата.




