јуни 8, 2025

Обука за спасители на отворени води

Црвен крст Охрид, Центар за безбедност на вода објавува повик за пријавување на кандидати за обука за спасители на отворени води.

Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира од 21 до 28 јуни 2025 г.

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:

Да се постари од 17 (да достават соодветен доказ, извод на родени, лична карта)

Да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт

Да обезбедат и достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа.

Повикот трае до 19 јуни 2025, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов 52, Охрид, секој работен ден од 9-15 ч., на телефоните 046 261 909 и 070 315 309, во DM на @centar.za.bezbednost.na.voda или со пополнување на пријавата на линкот:

https://docs.google.com/…/1FAIpQLSfeZvxcTAw…/viewform…

На сите кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со легитимација спасител на вода, Црвен крст Охрид ќе им обезбеди и понуди платен ангажман како спасител на вода на соодветни капалишта во летната сезона 2025.

May be an image of 3 people and text that says "የለርርሚም PCT CROK P (្ ERBABAKC 6E36EAHOC O6yKA 3a CnACИTEЛИ HA OTBoPEHИ BoAи nPИrABИ CE I 046 251 900, 070 315 309 UPBEH KPCT E-nOWTA: OXPиA: OHRID@REDCROSS.ORG.MK OHRID@REDCROSS.ORG.JMK @CENTAR.ZA.BEZBEDNOST.NA.VODA NA.VODA 21- yHИ HИ2025 2025"
< врати се назад