
Обука за спасители на отворени води
Црвен крст Охрид, за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води.
Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира од 21 до 28 јуни 2024 г.
Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:
– Да се постари од 17 (да достават соодветен доказ, извод на родени, лична карта)
– Да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт
– Да обезбедат и достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски
активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа
Повикот трае до 19 јуни 2024, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов 52, Охрид, секој работен ден од 9-15 ч., на телефоните 046261909 и 070315309 или со пополнување на пријавата на линкот:
На сите кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода, Црвен крст Охрид ќе им обезбеди и понуди платен ангажман како спасител на вода на соодветни капалишта во летната сезона 2024.
