февруари 22, 2023

ОБУКА ЗА ПСИХО-СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА ПРИ ИТНИ И КРИЗНИ СОСТОЈБИ

Во период од Ноември 2022 до Февруари 2023, се одржаа циклус обуки за психо-социјална поддршка при итни и кризни состојби, во рамки на проектот  КОВИД-19 одговор за подобрување на социо – економската ситуација на маргинализираните лица во 6 држави во Западниот Балкан“, финансиран од Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.

На обуката беа присутни волонтери и вработени на Црвениот крст и вкупно 50 учесници се стекнаа со сертификат. Учесниците преку вежбовни активности, играње на улоги во реалистични сценарија и интерактивни предавања се стекнаа со знаења и искуство за пружање на психо-социјална поддршка и прва психолошка помош во кризни и итни состојби. Учесниците обучени за психо-социјален одговор при кризи и се дел од компонентата за справување и дејствување во кризи на Центарот на Ментално Здравје и Психо-социјална поддршка.  

< врати се назад