
ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ
Во периодот од 26 до 29 мај во просториите на Црвен Крст Охрид беше реализирана тридневна обука за основите на прва помош, одржана од страна на долгогодишниот волонтер Ѕвездан Јончевски.
Обуката им овозможи на младите да научат:
Теоретско знаење за тоа како да укажат основна прва помош и како да препознаат повреда.
Како правилно да направат примарен и секундарен тест.
Како правилно се извршува реанимација и како правилно да се изведе странична положба.
Како правилно да се преврзат отворени рани и посекотини, како да се запре крварење и како да се имобилизираат скршеници.
Како правилно да постапат при препознавање и санирање на специфични повреди и во итни ситуации.
Знаењето за прва помош е клучно за секој од нас. Во секојдневниот живот, никогаш не знаеме кога ќе се случи несреќа или непредвидена ситуација.
#ЦрвенКрст#ЦКмлади#прватапомошспасуваживот




