февруари 7, 2024

ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ

Во текот на изминатиот викенд се одржа првата работилница од обуката за основите на првата помош во Клубот на млади во Црвен крст Охрид.
Истата ја одржа демонстраторот и тренер по прва помош Георги Ставрески, на која присуствува 29 млади, волонтери од Клубот на млади при Црвен крст Охрид и заинтересирани млади од средните училишта од нашиот град.
Младите волонтери се здобија со теоретски знаења како да укажат основна прва помош и како да препознаат за каква повреда се работи преку следенње на виталните знаци, како и да измерат шеќер и крвен притисок.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад