декември 16, 2022

ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ

Во текот на изминатиот викенд се одржа обука за основите на првата помош во Клубот на млади во Црвен крст Охрид.
 
Истата ја одржа демонстраторот и тренер по прва помош Георги Ставрески, на која се обучија 30 млади, сега дел од тимот на прва помош на Црвен крст Охрид на активностите кои следат.
Младите се обучија како да укажат основна прва помош и да препознаат за каква повреда се работи : СБО, крварење, изгореници и смрзнатини, скршеници, како и некои специфични повреди.
 
Дополнително во склоп на обуката се одржаа и работилници за укажување прва психолошка помош и психосоцијална поддршка од страна на тренерите Ранко Раткушиноски и Катерина Наумоска, со што младите се стекнаа со поголемо знаење за како да се справат со ситуациите на терен .
< врати се назад