мај 29, 2026

Обука за ментално здравје

Како продолжение на соработката помеѓу Црвен крст Охрид и Црвен крст Møre og Romsdal Røde Kors од Норвешка, во периодот од 23 до 24 мај 2026 година, во едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид во с. Велестово, се одржа обука за ментално здравје, реализирана од страна на наши обучени едукатори со поддршка на Норвешки Црвен крст!

На обуката присуствуваа 7 волонтери од Црвен крст Охрид, кои преку интерактивни активности, разговори и тимска работа учеа како подобро да ги препознаваат и изразуваат емоциите, како да градат емпатична комуникација и како да создадат простор каде секој ќе се чувствува сигурен, прифатен и свој.

Обуката беше реализирана од страна на Иво Георгиески, Ангел Крстески и Игор Јосифоски – обучени едукатори за ментално здравје, кои им овозможија на волонтерите ново искуство, знаење и простор за отворено споделување, учење и меѓусебна поддршка.

Два дена исполнети со нови знаења, дружење, споделување искуства и многу позитивна енергија.

Ваквите активности продолжуваат да ја зајакнуваат поврзаноста помеѓу младите волонтери и да градат силни врски на доверба, поддршка и хуманост.

< врати се назад