декември 23, 2019
Новогодишна работилница
На ден 22.12 просториите на Општинска организација Охрид ечеа од смеа, детски песнички и многу љубов. Нашите волонтери во соработка со Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“ оддржаа новогодишна работилница за изработка на честитки. Дечињата не’ изненадија со нивната креативност и уште еднаш ни докажаа дека среќата е во малите нешта. Често грижата, играта и дружењето се многу повредни од материјалното. Тоа може да се почуствува од нашите насмевки и силни прегратки на фотографиите