декември 26, 2019
Новогодишен ручек за социјално загрозени семејства
На ден 25.12 новогодишен ручек и прекрасна забава за семејствата кои живеат во социјален ризик од Охрид приредија Општина Охрид-Градоначалникот на Охрид, Општинска организација Охрид и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, со поддршка на Ротари клуб Охрид и Фото Рекс Охрид. Присутните ги поздрави Градоначалникот на Охрид Г-дин Константин Георгиевски посакувајќи им Среќна Нова 2020 година, здравје, радост и успех. А најмладите не го криеја задоволството и радоста од дружењето со Дедо Мраз и благодарноста за новогодишните пакетчиња и новогодишните честитки изработени од волонтерите на Општинска организација Охрид.