
НОВИ КОРЕНИ
ЦКА – ПХВ проект чија цел беше подобрување на основните услови и подигнување на квалитетот на секојдневниот престој на згрижените лица ЈЗУ Општа Болница Охрид – оддел Гериjатрија.
Групата младинци за успешно да си ја достигне целта за време на циклусот организираше број интересни акции за да ги соберат потребните финансиски средства:
ЧАС ЗА ЗАБАВА“ – акција од забавен карактер исполнет со друштвени игри, спортски активнсоти, тимски предизвици, караоке и многу насмевки и дружење.
„Мала Белегзија, Голема Разлика“ – хуманитарна продажна акција на рачно изработени белегзии.
Благодарение на собраните средства и донации младинците успешно
Ги малтерисаа и исфарбаа ѕидовите
Поставија нови сијалици
Ги освежија вратите со нов слој на боја
И поставија електрична брава за зголемена безбедност
Дополнително, беше одржана обука на тема: „Користење на системот за контролиран влез и излез од одделението“. На обуката присуствуаа 15 вработени од одделот, а истата беше наменета за подобрување на безбедносните протоколи и за зголемување на ефикасноста при движењето во рамки на одделението.
Групата НОВИ КОРЕНИ се состои од:
Елена Павловска – лидер
Јована Шутароска
Ива Коческа
Теона Глигороска
Давор Толоманоски
Христијан Јованоски
