ноември 30, 2023

НОЕМВРИ – МЕСЕЦ НА БОРБА ПРОТИВ БОЛЕСТИ НА ЗАВИСНОСТ

Во месец ноември, месецот на борба против болести на зависност (никотинизам, алкохолизам и злоупотреба на дрога), врсничките едукатори од Клубот на млади при Црвен крст Охрид спроведоа врснички едукации со цел информирање на младата популација ☺️🤗.
📌Минатата седмица на 22, 23 и 24 ноември 2023 година се одржаа три врснички едукации за превенција од болестите на зависност во основните училишта ООУ “Ванчо Николески” – с. Лескоец, ООУ “Кочо Рацин” – с. Лакочереј и ООУ “Св. Наум Охридски” – с. Пештани😁☺️.
⛑️На овие едукации околу 80 ученици од деветто одделение беа запознаени со зборот зависност, причините поради кои настанува, штетните ефекти на зависните супстанци, како и начините на третман и спречување на зависноста 🤗😄.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 12 people, people studying and text
May be an image of 7 people and people studying
May be an image of 10 people and people studying
 
 
 
< врати се назад