март 1, 2022
НЕГА ЦЕНТАР – ЦРВЕН КРСТ ОХРИД
Со добивање на лиценца за провајдер на социјални услуги, во рамките на Црвен крст Охрид официјално со работа започна Нега Центар кој нуди помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот.
ШТО НУДИ НЕГА ЦЕНТАРОТ ПРИ ЦРВЕН КРСТ ОХРИД
можност на нашите постари граѓани да живеат независно онаму каде што се чувствуваат најудобно – во своите домови
ние сме единствен провајдер на услуги за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот на територија на Општина Охрид
располагаме со професионални и сертифицирани негуватели кои нудат домашна помош и домашна нега, пред сè за постарите граѓани, но и за сите граѓани кои имаат потреба од ваков вид поддршка
Основната цел на Нега центар – Охрид е да го подобри и одржува здравјето на корисникот во неговото семејно опкружување