ноември 13, 2020

Неделата за борба против гладта

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и оваа година се вклучи во одбележување на Неделата за борба против гладта. Активностите оваа година беа насочени кон поставување корпи низ поголемите маркети, каде што граѓаните можеа да донираат храна и средства за хигиена, како и вклученост на корпоративниот сектор со нивна донација во прехранбени и хигиенски производи. Покрај тоа и Општинската организација со свои сопствени средства обезбеди помош за лицата од социјално најзагрозените семејства. Оваа година, во одбележувањето на Неделата за борба против гладта изостана традиционалното прибирање на донации со продавање на вредносни бонови во средните и основните училишта на територија на општина Охрид и Дебрца

Во текот на изминатата недела, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19, беа поделени хуманитарни пакети со прехранбени продукти и средства за хигиена до ранливи групи граѓани од Општина Охрид и од Општина Дебрца кои се најпогодени за време на пандемијата од коронавирусот.

 

< врати се назад