февруари 27, 2022

Неделата на срцевосадови заболувања

Во рамките на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцевосадови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Охрид организираше низа активности насочени кон превенција на срцевосадовите заболувања.
На ден 25.02.2022 година, се организираше заедничка прошетка на волонтерите од Клуб на млади и на Клуб на стари лица од Црвен крст Охрид, на охридското крајбрежје.
Во текот на оваа прошетка, на волонтерите им беше измерен крвниот притисок и имаа мошност да добијат совети за одржување на нормални вредности на притисокот од страна на д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Исто така, по инструкции на проф. Катерина Бујароска Анѓелеска, волонтерите изведуваа лесни физички вежби, по кои таа одржа кратко предавање за таквите мерки за заштита од срцевосадови заболувања.
На овој начин Црвен крст Охрид ја одбележа Неделата на срцевосадови заболувања и го истакна значењето на превенцијата, водењето здрав живот и намалувањето на смртноста од ваквите заболувања.
 
< врати се назад