септември 20, 2024

Неделата на Промоција на хумани вредности (ПХВ)

Црвен крст Охрид во периодот од 21-27 септември 2024 г. ја одбележува Неделата на Промоција на хумани вредности (ПХВ).

Меѓу бројните настани со промотивно-хуманитарен предзнак предвидени за оваа недела, со големо задоволство и возбуда го најавуваме прикажувањето на театарската претстава “Приказна за една идеја” во изведба на младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид која ќе се реализира на 22.09.2024 г. на сцената во предворејето на црквата Св.Софија, со почеток во 20:00 ч.

Преку оваа претстава, младите ќе ја истакнат значајната улога на Црвениот крст како организација отворена за сите, со различни возрасти, професии, вери, националности, кои имаат

желба да бидат корисни за заедницата и помогнат на оние на кои помош им е најнеопходна. И овој пат, на овој начин младите ќе упатат силна порака за унапредување на социјалната вклученост, култура на ненасилство, толеранција и мир.

Претставата трае 60 мин., а влезот е слободен.

< врати се назад