април 15, 2021

Неделата на хигиенизација

Во периодот од 13.04.2021 до 15.04.2021 по повод „Недела на хигиенизација“ се одржаа четири онлаjн обуки на 95 ученици од четири основни училишта „Григор Прличев“, „Кочо Рацин“, „Св. Климент Охридски“ и „ Ванчо Николески“ од страна на тројца волонтери-врснички едукатори од Клубот на млади при Општинска организација Охрид: Христијан Пендиков, Љубица Јованоска и Елена Колевска.

Неделата на хигиенизација оваа година се спроведе под мотото “Хигиената – лична обврска за колективно здравје”. Промоцијата на хигиената е основен дел од активностите за вода и санитација на Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина (IFRC). Целта е да се зголеми свеста за јавното здравје и превенција на болести поврзани со лошите хигиенски практики. Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека 1,7 милиони смртни случаи годишно се припишуваат на небезбедна вода, санитација и нехигиена.

< врати се назад