ноември 15, 2022
Неделата на грижа за старите лица
Црвениот крст на Република Северна Македонија од 14 до 20 ноември 2022 година ја одбележува „Неделата на грижа за старите лица“ под мотото: „Сите сме нивни деца“. Целта за одбележување на неделата е да се подигне јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потреба за обезбедување на грижа и помош на старите лица.
– Обезбедена е поддршка за функционирање на 10 мобилни тимови за бесплатна услуга за набавка и достава на храна, хигиена, лекови и др. на стари и осамени лица.
– Во текот на неделата ќе бидат организирани 30 информативни работилници со лицата од трето доба за нивно запознавање со правата од социјална и здравствена заштита со цел подобрување на нивниот квалитет на живеење и здраво стареење.
Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст во своите средини ќе организираат и едукативни работилници на теми од интерес за постарите граѓани, тематски работилници за поттикнување на социјална инклузија на старите лица, како и друг вид активности за активно и здраво стареење.