ноември 23, 2023
Неделата на грижа на стари лица
Во рамки на одбележување на “Неделата на грижа на стари лица” (20 -26 ноември), под мотото“Сите сме нивни деца“ волонтерите од Програмата за грижа за стари лица “Најди време” од Црвен крст Охрид беа дел од засадување на повеќе видови на дрва долж едукативната патека “Галичица на дланка” кои се карактеристични за Националниот парк Галичица.
Исто така, присуствуваа и на првата работилница на WISESTRIDE тимот и Национален парк Галичица.