септември 21, 2022

Неделата на борба против туберкулоза

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 14-21 септември 2022 год. ја одбележува Неделата на борба против туберкулоза. На овој начин сакаме да ја подигнеме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ.

 

< врати се назад