февруари 21, 2022

Неделата на борба против срцевосадови заболувања

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 21-28 февруари 2022 г. ќе ја одбележи Неделата на борба против срцевосадови заболувања со мотото: “Здраво срце, Среќно срце”.
Болестите на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт како во светот така и во Република Северна Македонија. Се проценува дека 17,9 милиони луѓе починале од срцевосадови заболувања во 2019 година, што претставува 32% од сите глобални смртни случаи. Од овие смртни случаи, 85% се должат на срцев и мозочен удар. Во Република Северна Македонија повеќе од 57 % од смртните случаеви се последица на срцевосадовите заболувања.
По повод одбележување на Неделата на борба против срцевосадови заболувања општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе организираат едукативни предавања и трибини, мерење на крвен притисок како и споделување на објави на социјалните мрежи со цел подигање на јавната свест за важноста од превенција и навремно дијагностицирање на овие болести. Како целна група за овие едукативно превентивни активности ќе бидат опфатени ученици од средни училишта и повозрасните лица како ризична група за развивање на срцевосадови заболувања.
< врати се назад