
декември 4, 2025
Неделата на борба против ХИВ/СИДА
Во рамки на Неделата на борба против ХИВ/СИДА, денес се одржа едукативно предавање во Затвор Охрид со младите осуденици. Предавањето го водеше Др. Георги Ставрески, долгогодишен волонтер во Црвен крст Охрид, кој преку стручни и практични информации ја истакна важноста од превенција, навремена проверка и подигнување на свеста за ХИВ/СИДА.
Продолжуваме посветено да работиме на едукација, поддршка и зачувување на здравјето на младите.









