декември 1, 2024

НЕДЕЛА ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА

Секоја година во периодот од 1 до 7 декември традиционално се одбележува НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА. Оваа година под мотото „Заедно во борба против ХИВ/СИДА“.

Црвен крст Охрид се приклучува кон одбележувањето на оваа недела со повеќе активности .

Во рамките на одбележување на

НЕДЕЛАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА, денес волонтерите од Клубот на млади, во просториите на Црвен крст Охрид организира работилница за изработка на црвени панделки кои како симбол за поддршка и подигнување на јавната свест за ХИВ/СИДA, беа делени низ кафулињата и јавните собиралишта во Охрид💡.

Црвената панделка која е создадена во 1991 год. е симбол на солидарност со лицата кои живеат со ХИВ. На тој начин се привлекува вниманието на јавноста за превенција и лекување на вирусот како и намалување на дискриминацијата на оние кои се заразени од него.

Целта на оваа недела е да се подигне свеста кај јавноста за опасноста од ширењето на ХИВ/СИДА, да се поттикне редовното тестирање и да се подобри квалитетот на животот на оние кои го носат вирусот, но пред се раното откривање на инфекцијата, едуцирање на јавноста за последиците и нивна превенција.

#ЦрвенКрст

#НеделаЗаБорбаПротивХИВ/СИДА

< врати се назад