декември 1, 2024

НЕДЕЛА ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА

1-ви декември, Светски ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2024 г.), Црвен крст Охрид го одбележува со низа активности во рамките на светската кампања под мотото „ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА“ потенцирајќи го значењето и важноста од заедничкото делување во борба против СИДА-та. Овој ден претставува заедничка борба, не само медицинска туку и општествена, во која секој сегмент има клучна улога ✅.

Се проценува дека во текот на минатата 2023 година, 39,9 милиони луѓе ширум светот живееле со СИДА, 1,3 милиони луѓе заболеле од СИДА, а околу 630 милиони луѓе починале од причини поврзани со оваа болест.

Со цел подигање на нивото на свеста во јавноста за СИДА и изрази поддршка на оние кои живеат со ХИВ, Црвен крст Охрид ќе реализира низа активности.

Денеc, 1 декември, волонтерите на Црвен крст Охрид низ охридските улици, кафулиња и јавни собиралишта на минувачите, посетителите ќе им ставаат црвени панделки како универзален симбол за свеста дека СИДА-та постои и како поддршка за оние кои живеат со СИДА. Ќе се дели и едукативен материјал, кондоми и совети за превенција и заштита од ХИВ/СИДА .

Во основните и средните училишта дистрибуирани се типизирани предавања со цел учениците, во текот на Неделата на борба против СИДА (1-7 декември) да се запознаат со основните знаења за ХИВ вирусот, начин на пренесување и заштита.

Во текот на Неделата на борба против СИДА планирани се интерактивни едукативни предавања и работилници со младите врснички едукатори во просториите на Црвен крст Охрид и во училиштата.

Активностите организирани по повод Светскиот ден и Неделата на борба против СИДА имаат за цел да го свртат вниманието на јавноста за значењето на превенцијата и раното откривање на инфекцијата со ХИВ вирусот.

И оваа година активностите во кампањата на Црвен крст Охрид за борба против ХИВ/СИДА се во соработка и со поддршка од Canadian for Children at Health Risk од Канада.

May be an image of text that says "UpBeH KpcT Ha Peny6лиKa CeBepHa MaKeAoHиTa Krygiil Kuqi Republikes Maqedonisẽ Veriut Red Cross the Republic of North Macedonia HEAEЛA HA 6OP6A nPOTИB XИB/CИAA JAVA E LUFTES KUNDER HIV/AIDS WEEK FOR FIGHT AGAINST HIV/AIDS 01-07.12.2024 3aeAHo Bo 6op6a npoTиB XИB/CИAA bashku ne luften kundër HIV HIV/AIDS Together in fight against HIV/AIDS 十の中選 0.ዋራ Corndians Childr en afMiemih Rak t"
< врати се назад