декември 23, 2020

Недела на забоздравствена заштита

По повод Неделата на забоздравствена заштита која се одбележува од 15-21.12.2020 г. на ден 23.12.2020 г. стоматолог д-р. Кристина С. Алоска одржа едукативно онлајн предавање со волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид . Во текот на предавањето се зборуваше за важноста на оралната хигиена, навиките на тинејџерите, последици од негрижа за забите, носењето на протези итн. Младите активно учествуваа во предавањето и поставуваа прашања, а нашиот долгогодишен волонтер Д-р Кристина како и секогаш успеа да ги одговори и да не едуцира, давајќи препораки редовно да одиме на контрола и често да ги миеме забите!

< врати се назад