мај 12, 2026

Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Од 8 до 15 мај се одбележува Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина. По тој повод, Црвен крст Охрид организираше повеќе активности со цел подигање на свеста за значењето на основните принципи, мисијата и визијата на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

На 11 мај, во посета на Црвен крст Охрид беа дечиња од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – објект Централна. За време на посетата, тие ја слушнаа приказната за формирањето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, се запознаа со целите на Движењето, а научија и што значи да се биде волонтер на Црвениот крст. Оваа дисеминациска сесија ја одржа секретарот Мимоза Ставрева.

Дечињата имаа можност да се сретнат и со волонтерите од групата за грижа за стари лица „Најди време“, при што се запознаа и со значењето на грижата, солидарноста и поддршката кон повозрасните лица.

Со ваквите активности, Црвен крст Охрид продолжува да ги промовира хуманоста, солидарноста и волонтерството како вредности што треба да се негуваат и практикуваат од најмала возраст и во текот на целиот живот

< врати се назад