февруари 24, 2020
Недела на срцево-садови заболувања
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид организира низа активности насочени кон превенција и заштита од срцево-садовите заболувања. Во соработка со Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид на ден 24.02.2020 со почеток во 11 ч. во просториите на Црвен крст Охрид Д-р Виолета Мојсовска, се одржа предавање за превенција, третман и лекување на болестите на срцето и крвните садови.