април 14, 2026

НЕДЕЛА НА СОЛИДАРНОСТ

Во рамки на социјално-хуманитарната дејност , а по повод одбележувањето на Неделата на солидарност од 13 до 19 април 2026 година, под мотото „ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ“, Црвен крст Охрид организира хуманитарна собирна акција.

Нашите хумани сограѓани, фирми и институции можат да се вклучат во оваа акција со донирање на:

  • прехранбени производи
  • средства за хигиена
  • облека
  • обувки

Донациите може да се достават во просториите на Црвен крст Охрид (ул. „Димитар Влахов“ 52), секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Можете да донирате и 100 денари со повик на бројот 143-400.

Со секоја ваша донација, овозможувате да се помогне на што поголем број лица на кои помошта им е најнеопходна.

< врати се назад